Sunday, 23 December 2012

Екологија

Активноста на се поголемата човечка популација предизвикува сериозни проблеми во животната средина кои можат да ја нарушат рамнотежата во биосферата.
Загадувањето и уништувањето на дождовните шуми сериозно ја загрозува иднината на планетата Земја.
Дупките во озонската обвивка се појавуваат секаде,а најголеми се на половите.
Главна причина на создавање на дупките е испуштањето на хемикалии во атмосверата
кој го уништуваат озонскиот слој.
Киселите дождови се создаваат во текот на испуштањето на сулфур и азот од термоелектраните,индустријата и превозните средства.
Кога загадувачите ќе се помешаатсо водената пареа и кислородот во атмосферата,со сончевата светлина,се создаваат азотна и сулфурна киселина.
Во нарушувањето на рамнотежата спаѓаат и сечењето на шумите ,отровните алги, загадување на морето, загадување на воздухот во градовите ,ефектот на стаклена градина,порастот на температурата,порастот на населението...
Вода

Водата е хемиска супстанца со хемиска формула H2O: еден молекула вода содржи два атома на водород,ковалентно поврзани со еден атом на кислород.
На  земјата 71% е вода ,а копно е 29%.
Водата е најважната течност на земјата.
Тоа е течност без боја,вкус и мирис,без која не би можеле да живееме.
Водата секогаш кружи од морето во воздухот  па на копното.Оваа појава се нарекува кружене на водата.
Сончевата топлина ја претвора водатаво водена пареа.
Таа се издигнува,се лади и создава облаци.
Ветровите ги носат облаците над копното.
Водата од облаците паќа на земјата во облик на дожд,снег или град.
Дождот се слева во реките што се влеваат во морето.
Реката се влева во морето и кружењето на водата повторно почнува .
Некои материи исчезнуваат кога ке се измешаат со вода.
Оваа појава се нарекува растворање.